Тројца од Белата куќа во карантин поради контакти со заразени од коронавирусот

Од:

Тројца членови на работната група за коронавирус во Белата куќа, меѓу кои и д-р Ентони Фаучи, се во карантин, откако имале контакт со лица позитивни на коронавирусот, пренесуваат странските медиуми.

Во карантин се Ентони Фаучи, директорот на Националниот институт за заразни болести и водечкиот член на работната група, кој стана национално познат по неговите едноставни и директни објаснувања пред јавноста за коронавирусот, потоа д-р Роберт Редфилд, директор на Центарот за контрола и превенција на болести и комесарот на Управата за храна и лекови, Стивен Хан.

За Фаучи беше соопштено дека првиот тест покажал дека е негативен на Ковид-19 вирусот и тој ќе продолжи редовно да се тестира. Од Институтот велат дека тој се смета за лице со „релативно низок ризик“ според степенот на изложеност и дека „ќе се преземат соодветни мерки на претпазливост“ за тој да го ублажи ризикот од лични контакти додека ги извршува своите должности. Тој ќе остане дома, а на работното место во Белата куќа ќе оди доколку биде повикан, каде што ќе бидат преземени сите мерки на претпазливост.

Редфилд ќе работи преку телекомуникациските мрежи откако било утврдено дека имал „изложеност од низок ризик“ со лице во Белата куќа. Во изјавата се вели тој дека се чувствува добро и дека нема никакви симптоми на коронавирусот.

Само неколку часа порано, Управата за храна и лекови потврди дека Хан стапил во контакт со лице позитивно на коронавирусот и дека бил во самоизолација во последниве две недели, а потоа тестирањето покажало дека е негативен на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија