Тројца мировници киднапирани на Голанската висорамнина, ослободени по неколку часа

Од:

Тројца мировници на ОН беа киднапирани во средата утрото во реонот на Голанската висорамнина од непозната вооружена група и неколку часа подоцна беа ослободени, изјави синоќа заменик-генералниот секретар на ОН за мировни операции Ерве Ладсу.

Група вооружени мажи упаднаа во набљудувачки пункт на ОН во зоната меѓу Израел и Сирија на Голанската висорамнина и одведоа присилно тројца невооружени набљудувачи, изјави тој.

Тоа е трет случај на киднапирани сини шлемови во реонот на Голанската висорамнина за два месеци.

Во почетокот на март, сириската бунтовничка „Бригада на мачениците од Јармук“ зароби 21 војник од Силите на ОН за набљудување на реонот, кои го следат прекинот на огнот по линијата на примирјето меѓу Израел и Сирија. Неколку дена подоцна тие беа ослободени на територијата на Јордан.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години