Tројца кандидати за претседател на Индонезија

Од:

Два дена пред последниот рок за пријавување на претседателските кандидати во Индонезија, речиси е сигурно дека партиите, сите со коалициски партнери, ќе истрчаат со тројца кандидати за шеф на државата.

Првиот круг на претседателските избори во Индонезија е закажан за 9 јули, а ако е потребен втор круг ќе се гласа и две недели потоа.

Победничката партија на изборите, Индонезиската демократска партија на борбата (ПДИ-П), која победи на изборите, но не освои 25 отсто од пратеничките мандати колку што е неопходно за да се предложи претседатлски кандидат, ќе го номинира сегашниот гувернер на Џакарта, Јоко Видодо.

Поддршка за Видодо, без условување за тоа кој ќе биде кандидиран за потпретседател, веќе официјално дадоа Националните демократи и Партијата на национално будење (ПКБ), така што оваа коалиција вкупно ќе има поддршка на 37 отсто од членовите на Парламентот.

Може да се случи во коалицијата да влезе и партијата Голкар, која има 12 отсто места во новиот Парламентот, но нејзините лидери преговараат и со други партии и бараат можност да имаат свој кандидат.

До утре, партијата Голкар, основана од поранешниот претседател Сухарто, ќе пресметува дали ќе може да оди со свој кандидат, иако со поддршка на помалите исламистички партии, одвај ќе обезбеди поддршка од 25 отсто пратеници.

Со свој кандидат ќе се бори и Демократската партија (ПД) на актуелниот претседател Сусило Бамбанг. Тоа ќе биде Гита Вирјаван, кој вчера поднесе оставка на местото министер за трговија и економија во сегашната Влада.

Последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека речиси 40 отсто од гласачите се уште не одлучиле за кого ќе се изјаснат на изборите за претседател.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски