Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд.
Несреќата се случила кога локален возач на пат кон хотелот изгубил контрола над возилото и удрил во железен столб.
-Врнеше, а патот беше лизгав. На кривината изгубив контрола и удрив во бандера – рекол возачот.
Од полицијата наведуваат дека повеќе информации за сообраќајната несреќа ќе има по завршување на истрагата.
Хрватските медиуми јавуваат дека се повредени претседателот и член на извршниот одбор на фудбалскиот клуб Дубрава, Роко Ивановиќ и Антон Палиќ. Третиот повреден е Фрањо Пап.
– Тато има две скршени ребра и повредена нога, а Антон има отворена фрактура на раката и моментално е на операција. Фрањо има полесни физички повреди, па веднаш е пуштен од болница – изјави синот на Ивановиќ и додаде дека за несреќата била известена хрватската амбасада.