Тројца еврокомесарти во Турција ќе се запознаат со ситуацијата околу бегалскиот бран

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, како и еврокомесарите за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, и за хуманитарни работи, Христос Стилианидис, заминуваат за Турција, соопшти Европската комисија, пренесува БТА.

Стилианидис веќе за време на викендот ќе се запознае со реализацијата на хуманитарните проекти финансирани од ЕК, а кои се наменети за бегалците од Сирија и Ирак. Могерини и Хан, пак, ќе учествуваат на средбата посветена на дијалогот на високо ниво со Анкара.

Во соопштението не се посочува кои претставници од турска страна ќе учествуваат на средбата во Анкара.

Тројцата еврокомесари ќе разговараат и со претставници на четирите главни партии во Турција и ќе патуваат до југоисточниот дел на земјата.

Предвидено е пратениците на ЕК да се сретнат со турски граѓански организации, како и со претставници на мноштвото етнички и религиозни заедници во регионот.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина