Тројца директори обвинети за хаваријата во „Фукушима“

Од:

 Тројца поранешни директори на јапонската нуклеарна централа „Фукушима“ се обвинети за несовесно работење и негрижа, кои довеле до сериозниот инцидент на нуклеарката во март 2011 година.

Меѓу обвинетите е поранешниот претседател на компанијата „Токио Електрик Пауер“ (ТЕПКО) и двајца директори, кои наскоро ќе бидат изведени на судење.

Минатата година еден граѓански панел заклучи дека раководство на „Фукушима“ треба да биде обвинето и да му се суди за она што се случи во нуклеарката пред безмалку три години.

Претходно, Јавното обвинителство не подигна обвинија против менаџерскиот тим на ТЕПКО, која е сопственик на нуклеарката, објаснувајќи го тоа со недостиг на цврсти докази.

Промената е направена по решението на граѓанскиот панел кој смета дека мора да има одговорност за она што се случи.

Правни експерти објаснуваат дека новата позиција на Обвинителството, е резултат на решението на панелот, што претставува „мошне редок случај во правната пракса“ на Јапонија.

Нуклеарната централа претрпе тешки оштетувања по катастрофалниот земјотрес и цунамито што потоа се појави.

Во земјотресот во 2011 година, кој бепе еден од најсилните во јапонската историја, загинаа над 16 илјади лица, а други 2.500 се уште се водат како исчезнати. Никој од жртвите не е поврзан со хаваријата во „Фукушима“ од каде истече радиоактиван вода.

Би можело да ве интересира

Врховен суд на Јапонија: Владата не е одговорна за отштетата за Фукушима

Ана Ололовска

Шест лица го тужат операторот на нуклеарната централа Фукушима поради рак на тироидната жлезда

Ана Ололовска

Јужна Кореја бесна на Јапонија за планот за испуштање на радиактивна вода од Фукушума во океанот

Ана Ололовска

Десет години од нуклеарната катастрофа во Фукушима

Ана Ололовска

Стотина повредени во земјотресот во Фукушима

Катерина Ѓуровски

Радиоактивна вода од „Фукушима“ ќе биде исфрлена во океан

Ана Ололовска