Капсулата за спуштање на рускиот вселенски брод „Сојуз ТМА-08М“, со тројца членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица, се приземји во казахстанската степа.
На Земјата се вратија Русинот Павел Виноградов, неговиот колега Александар Мисуркин и американскиот астронаут Кристофер Кесиди. Тие на МВС минаа над 165 дена.
Сега на МВС се наоѓаат Русинот Фјодор Јурчихин, Италијанецот Лука Пармитано и Американката Карен Најберг.
На 26 септември кон МВС ќе полетаат руските комонаути Олег Котов и Сергеј Резански и нивниот американски колега Мајкл Хопкинс.