Тројца нови членови американски, јапонски и руски астронаут денеска полетаа од Казахстан кон Меѓународната вселенска станица.
Командантот Антон Шкаплеров од Роскосмос, инженер за летање Носишиге Канаи од Јапонската агенција за аеровселенско истражување и Скот Тингл од НАСА полетаа од космодрот Бајконур. Екипажот постепено ќе пристапи кон станицата, која орбитрира на околу 400 километри над Земјата.
Шкаплеров, Канаи и Тингл ќе им се придружат на Александат Мисуркин од Роскосмос, и на Марк Ванде Хеј и Џо Акаби од НАСА, кои се Меѓународната вселенска станица уште од септември.