Откако бројот на загинатиете од несреќата во најголемата рафинерија во Венецуела порасна на 39, претседателот на Венецуела, Уго Чавез, прогласи тридневна национална жалост.
Тој нареди истрага за причината за експлозијата во која се повредени повеќе од 80 луѓе, а направена e и огромна материјална штета.
Во несреќата која се случи вчера, меѓу загинатите се и членови на Националната гарда, кои биле стационирани во рафинеријата.
„Амуај“ која произведува 645.000 барели нафта на ден, е дел од „Парагвана“ рафинеријата, една од најголемите комлекси за рафинирање во светот, со вкупен производствен капацитет од 955.000 барели дневно.