Тригодишно момче преживеа пад од 9-ти кат

Од:

Тригодишно момче од Франција преживеа пад од деветиот кат на зградата, со висина од 25 метри, пренесоа француските медиуми.

Момчето паднало на трева пред зградата, но и покрај модринките и скршениците преживеа.

Инцидентот се случил во близина на градот Мана, по што момчето веднаш било пренесено во болница.
Тригодишното дете гледало цртан филм на компјутер, но веројатно качувајќи се на кревет се лизнало и паднало преку прозорец.

Неговиот живот не е во опасност, но мора да остане во болница уште неколку дена.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано