Триесетина млади нападнаа воз во Марсеј

Од:

Триесетина млади употребувајќи сигнални ракети какви што користи француската државна железница за тревога, го запреле и нападнале брзиот Те-Же-Ве воз, кој сообраќај на линијата Марсеј-Ница.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, младите напаѓачи не успеале да влезат во возот, чии врати останале затворени, а по брзата интервенција на полицијата биле уапсени десет лица.

Синдикатот на полицијата информира дека нападот врз возот наликувал како на нападите кои се случувале на „Дивиот Запад“. Нападот се случил вчера попладнето околу 14 часот, кога машиновозачот го запрел возот откако на пругата видел запалени сигнални ракети, што означува постоење непосредна опасност на шините.

Напаѓачите се идентификувани како млади од блиските квартови на Марсеј. Уапсените лица по инцидентот се на возраст меѓу 15 и 20 години.

Според полицијата и државната железница во Марсеј, веќе биле забележани напади врз товарни возови, како и врз контролорите, но ова претставува нова форма на ескалација на насилството.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз