Триесет и седум лица повредени во налетот на тајфунот Вонгфонг во Јапонија

Од:

Тајфунот „Вонгфонг“, најсилната бура во Јапонија оваа година, стигна до централниот јапонски остров Кјушу, откако го погоди јужниот остров Окинава и повреди најмалку 37 лица, соопштија денеска јапонските власти.

Откажани се повеќе од 300 летови, а има застој во железничкиот сообраќај на Кјушу и на соседниот остров Шикоку, додека властите советувале 150 илјади лица да се евакуираат од своите домови.

Јапонската Метеоролошка служба издаде предупредување дека тајфунот до утре изутрина би можел да стигне до главниот јапонски град, Токио.

Тајфунот „Вонгфонг“, што на кантонски кинески значи оса, носи голема количина дожд, а брзината на ветерот достигнува до дури 175 километри на час, нагласија метеоролозите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија