Три лица загинале, а најмалку седум се водат како исчезнати поради лавина во француските Алпи, соопштија официјални лица.
Несреќата се случила во близина на националниот парк Екрин на околу 40 километри западно од границата со Италија и на 120 километри од местото, каде што минатата недела се урна авионот на „Џерман Вингс“.
Според наводите на „CNN“ едно лице е во критична состојба и со хеликоптер е префрлено во болницата во Гренобл.
Е.Г.