Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Од:

Италијанските власти денеска пронајдоа тело на 51-годишна жена во стан во Торино, наводно убиена од нејзиниот сопруг, што е трет фемицид во земјата за помалку од 48 часа.

Човекот, кој е инвалид, наводно се обидел да се самоубие со лекови по убиството, но бил спречен во тоа и е однесен во локална болница.

Алармот го вклучила неговата сестра, која се загрижила откако не можела да стапи во контакт со 57-годишниот маж, пренесува Анса.

Со помош на пожарникари, карабинерите упаднале во станот и го пронашле телото на жената во бањата, со неколку убодни рани во грбот и градниот кош.

Во саботата во Италија беа пријавени уште два фемициди – во Милано и во близина на Фиренца.

Првиот немил настан се случи во селото Руфина во провинцијата Фиренца, каде маж е осомничен дека со нож ја убил сопругата, по што се обидел да се самоубие, а вториот е во Милано, каде маж признал дека уби жена од Ел Салвадор.

Во првиот случај, истражителите се сомневаат дека жена (34) во Руфина била избодена до смрт од нејзиниот сопруг (37), кој сега е во болница во Фиренца во критична состојба откако се фрлил од вториот кат на станбена зграда.

Убиената зад себе оставила двегодишно дете.

Во друг случај, Пабло Хериберто Гонзалес Ривас призна дека ја убил Џоана Натали Кинтанила (40) од Ел Салвадор, која била пријавена за исчезната.

Би можело да ве интересира

Тело на бездомник е пронајдено на улица, најверојaтно почина пред неколку дена

Загина при бегство по обид за грабеж – се заплетка во електрифицирана мрежа

А1он

Италија централна точка за европските резерви на минерали – ЕУ со поддршка од САД и Јапонија го забрзува планот

(ВИДЕО) Убиен е обезбедувач од Универзитетот во Анапа кој спречи масакр, во оружениот инцидент има повредени

ВИДЕО: Масовни немири на левичарски протест во Торино, Мелони објави брутално видео

(ВИДЕО) Огромно свлечиште зафати град во Сицилија: Луѓето итно се евакуирани

Горан Наумовски