Три проблеми на Ангела Меркел

Од:

Германската канцеларка, Ангела Меркел по изборите во Баварска на кои што победи „ЦСУ“, „сестринската“ партија на нејзината „ЦДУ“, може само делумно да се радува.

Успехот на партија е пропратен со целосен неуспех на нејзините коалициски парнери, либералите, додека за неа тоа претставува и фактор на ризик пред сојузните избори.

Поради тоа аналитичарите сметаат дека Меркел пред изборите на 22-ри септември се соочува со три проблеми.

Првин, неуспехот на нејзините коалициски парнери и шефот на дипломатијата Гвидо Вестервеле, кои во Баварска освоија само 3,3 проценти од гласовите и на тој начин остана вонпарламентарна партија го поставува проблемот со два гласа. Според Уставот од 1949 година, Германците мора да имаат два гласа на изборите, односно со еден глас бираат личност, а со вториот партија.

Политичкиот неделник „Шпиге“ пишува дека партијата на Меркел сега ќе ги предупреди традиционалните демохристијански избирачи дека не треба поради сожалување кон либералите, втор глас да им го подарат на партијата, која што загуби и е загрижена поради можноста да не влезе во Бундестагот.

Вториот проблем е тоа што Меркел во „сестринската“ партија ЦСУ го има моќниот Зехофер, кој повторно успеа да освои апсолутно мнозинство, така што може да се рече дека неговиот тријумф може да биде нејзин ризик.

Третиот, но не и најмалиот проблем на Меркел се самите избирачи, односно нивната мотивација.

Избирачите на „ЦДУ“ во недела може да останат во своите домови, а тоа според аналитичарите тоа може да им донесе многу штета на демохристијаните, доколку Социјалдемократската партија и нејзиниот канцелариски кандидат, Пер Штајнбрик успеат да ги мобилизираат своите гласачи.

Недела дена пред сојузните избори сосема е јасно дека Германците, кога директно би можеле да изберат канцелар, тие по трет пат би сакале тоа да биде Меркел, а не нејзиниот противник кој овие денови во едно т.н немоинтерју покажа среден прст, како одговор на мимиката на едно од прашањата и со тоа заработи дополнителни критики.

Германија веќе влезе во топлата фаза на изборната кампања, во која повеќе од 60 милиони избирачи со право на глас, треба да одлучат за тоа каков ќе биде политичкиот изглед на државата во наредниот четиригодишен мандат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија