Три месеци по легализацијата на марихуаната, еве како изгледа Колорадо

Од:

Државната Дирекција за приходи на Колорадо објави извештај во кој стои дека продавачите на марихуана во март продале марихуана за рекреативни цели во вредност од речиси 19 милиони долари, што е пораст од 14-те милиони долари во февруари. Првите три месеци од легалната продажбата на тревката донеле 7,3 милиони долари од даноци, но тука не се вклучени даноците и лиценците од продажбата на медицинска марихуана, што ја крена оваа бројка до 12,6 милиони долари. По првите неколку месеци, Колорадо може да ги надмине и оние историски први денови од продажба на дневна основа.

Даноците од малопродажба на марихуаната донесе 1,4 милиони долари во јануари, 1,43 во февруари, и 1,898 милиони долари во март – што е јасна тракеторија нагоре. А вкупните даноци од трансфери и дистрибуција на марихуаната скокнале од 2, 927 милиони во јануари на 4,077 милиони долари во март. И она што е можеби најважно, иако е уште рано да се каже, е дека трендовите за од нагоре покажуваат дека првите месеци не се само резултат од возбудата од „новата играчка“, кога сите купуваат тревка и не само затоа што сега го можат тоа. Колораѓаните и претходно ја сакаа марихуаната, а и се уште ја сакаат.

Ненамерни последици: За истиот период, криминалот во Денвер благо опаднал, што ги поби противниците кои велеа дека тоа ќе резултира со повеќе нелегална продажба. Тоа отвори и скромен број на нови работни места, од „продажба на тезги“ и марихуана новинарство, до работа на фарми и нови сопственици. „Мапи на тревки“ (Weedmaps), бесплатната информативна веб страна, достигна околу 25 милиони долари во приходи во 2013 година. А државата создаде дури и банкарски систем кој соодветствува со упатствата од американската Централна банка, со што се расчистија и последните регулаторни прашања. Додека некои делови од приказната, како што е регулативата за канабисот за јадење се се уште под знак прашалник, по се изгледа законот во основа функционира онака како што беше и замислено.

Се проценува дека продажбата на легален канабис во САД ќе достигне до 2,57 милијарди долари годишно, приход кој ќе се оствари помеѓу 21-те држави кои дозволија продажба на некаква форма на марихуана. Тоа е пораст од минатогодишните 1,53 милијарди долари. Како што минува времето, индустријата со марихуана ќе расте во однос на бројот на заинтересираните, а потоа сето ова можеби ќе стане и политичко лоби самото за себе.

Како ќе се трошат приходите: Правниот систенм на Колорадо веќе направи план да потроши 33 милиони долари собрани од даноци од марихуаната на осигурување на училишта и јавно образование за марихуаната. Дури и полицијата на Колорадо очекува да добие парче од колачот од новите приходи и бара 10-15 проценти за процесите на Полицијата за дроги и лекови, и за борбата против диверзии во други држави и против нелиценцираната продажба.

Сепак, најголемиот дел од продажбата продолжува да биде медицинската марихуана, која е легална во Колорадо уште од 2000 година, и која во март достигна рекордна продажба вредна 35 милиони долари. Но, затоа што рекреативната тревка е повисоко оданочена, таа може брзо да ја надмине и медицинската марихуана во вкупниот приход од даноци. Се на се, гувернерот на Колорадо, Џон Хикенлупер, во февруари предвиде дека продажбата на марихуана во Колорадо може да достигне до една милијарда долари.

Се разбира, продажбата може и да забави. Но вестите од Колорадо се доказ дека легализацијата на марихуаната може успешно да биде од корист и за локалната економија и за владата.

Полиси мајк – Њујорк

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута