Три лица загинаа во самоубиствен напад во ирачкиот град Самара

Од:

Тројца членови на шиитските милиции загинаа и уште 13 се ранети во самоубиствен напад во Самара. Ова е прв ваков напад од јуни минатата година во овој ирачки град, што се наоѓа на 110 километри северно од престолнината Багдад, пренесоа француските медиуми.

Во Самара има шиитска гробница, која во 2006 година беше делумно разурната во сличен атентат. Нападот предизвика крвав конфликт меѓу шиитите и сунитите во земјата, што досега одзеде десетици илјади жртви.

Нападот бил извршен синоќа од самоубиец кој се разнел пред контролен пункт на влез на едно училиште во центарот на Самара, што шиитските милиции го користат како касарна.

Ова е првиот самоубиствен атентат во Самара, откако во јуни почна напредувањето на сунитските екстремисти од џихадистичката група Исламска држава”, кои подоцна зазедоа широки региони во Ирак, но беа запрени при своето настапување кон овој град.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија