Три лица загинаа во Кенија на повторените претседателски избори

Од:

Најмалку три лица загинаа откако полицијата на Кенија се судри со демонстранти во неколку делови од главниот град Најроби и западниот град Кисуму. Полицијата пукаше во воздухот со боева муниција.

Поддржувачите на опозицијата, предводени од Рајли Одинг, се обидоа да спречат гласање со подигнување барикади на избирачките места и фрлање камења. Полицијата одговори со солзавец и водени топови, три часа од моментот кога требаше да бидат отворени избирачките места.

Демонстрантите се обидуваат да го поткопаат кредибилитетот на актуелниот претседател на Кенија Ухуру Кенијата, чија победа повторно се очекува на изборите.

Досега во немирите во Кенија загинаа околу 40 лица. Протестите на опозицијата почнаа во август по претседателските избори, кои за опозиционерите беа нерегуларни.

Врховниот суд на Кенија ги поништи изборите што ги доби претседателот Ухуру Кенијата. Новите избори беа закажани за 26 октомври, односно денеска. Но, опозиционерите не веруваат дека и тие ќе бидат фер и демократски и поради тоа ги блокираа избирачките места за да го спречат гласањето.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“