Група демонстранти денеска се собрале во Кенија по маршрутата на конвојот на опозицискиот лидер Раила Одинга, кој што патувал од аеродромот на главниот град Најроби кон центарот, за да го поздрават, а три лица се убиени откако полицијата се обидела да ги растера учесниците на собирот.
Полицијата со солзавец се обидела да ги спречи да стигнат до деловниот центар на главниот град, а употребила и водени топови, на што демонстратите одговориле со фрлање камења, а биле запалени и неколку автомобили.
До убиствата дошло кога демонстрантите и полицијата се судриле на еден од главните булевари во Најроби.