Три лица загинаа, а осум се ранети во пукање во училиште во Мисисипи

Од:

Три лица загинаа, а осум се ранети во пукање во училиште во Мисисипи, откако засега непознат сторител отворил оган врз група луѓе кои присуствувале на фудбалски натпревар во училиштето, соопштија денеска локалните власти.

Според Канцеларијата на шерифот на округот Холмс, до пукањето дошло по тепачка меѓу двајца млади мажи.

Двете жртви кои загинаа беа 19, а третата на 25 години. Повредените се префрлени во локалните болници.

„Еден фудбалски тим победи на натпреварот и луѓето сакаа да слават, но другите ја немаа истата намера“, изјави шерифот на округот Холмс, Вили Марч.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тексас: Пукање во средно училиште во Далас, најмалку тројца мртви

Горан Наумовски

Оружен инцидент во средно училиште во Далас, ранет е ученик во нога

Горан Наумовски

Го убиле и го запалиле телото за да му украдат 6000 денари, притвор за браќата од Луке

Катерина Ѓуровски

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

Уапсени за убиството во селото Луке, двајца го ликвидирале и запалиле соседот

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија