Три лица починале во Камбоџа спасувајќи куче паднато во бунар

Од:

Три лица погинале на истокот на Камбоџа спасувајќи пес кој паднал во бунар, соопшти денеска локалната полиција.

Трагедијата се случила синоќа во зафрленото подрачје од провинцијата Кратија, кога 25-годишниот Сај Фала се спуштил во бунарот длабок десет метри за да го спаси својот миленик, пренесоа светските агенции.

-Тој со јаже се спуштил на дното од бунарот, но набрзо се задушил заради недостаток од кислород, изјави шефот на локалната полиција Мен Бунтоен.

Во очајничкиот обид да ги спасат момчето и кучето, во бунарот потоа се спуштиле еден сосед и 64-годишната мајка на Фала, но и тие починале.

Не е познато како песот, кој, исто така не ја преживеал несреќата, успеал да ја прескокне оградата околу бунарот.

Камбоџа е една од најсиромашните земји од југоисточна Азија, а според податоците на Светската банка, околу 20 отсто од населението живее во длабока сиромаштија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Девојче во Камбоџа почина од птичји грип, прв случај по 9 години

Ана Ололовска

Најмалку 19 загинати во пожарот во казино во хотел во Камбоџа

А1он

ВИДЕО: Огромен пожар во хотел во Камбоџа, луѓето скокаа од прозорците, најмалку 10 мртви

Ана Ололовска

Најмалку деветмина ученици се удавија при превртување на брод во Камбоџа

А1он

Меѓународната трговија на Камбоџа се зголеми на 37 милијарди долари од јануари до август

Ана Ололовска