Три години затвор за Берлускони поради подмитување на сенатор

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони прогласен е за виновен и осуден на три години затвор поради подмитување на еден сенатор во 2006 година во обидот да ја урне тогашната влада на левиот центар.

Судот во јужна Италија му изрече на Берлускони и забрана за извршување јавни функции во следните пет години, изјави судијата при објавувањето на пресудата, што во живо беше емитувано од телевизиските мрежи.

Берлускони, кој четири пати беше премиер на Италија и кој настојува да се врати на политичката сцена, го демантираше обвинението.

Тој меѓутоа нема да мора да ја отслужи казната поради принципот на застареност, кој стапува во сила подоцна оваа година, пред почетокот на каква било жалбена постапка.

Во обвинението е наведено дека Берлускони во 2006 година му платил мито на Серџо де Грегори, тогашен сенатор од партијата Италија на вредностите за да премине во неговата Партија на слободата и со тоа да помогне во уривањето на владата на левиот центар, која во тоа време беше на власт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале