Во пожар во куќа во ромска населба во источниот дел на Словачка, во селото Сачуров во Вранов над Топла, загинаа три деца, соопшти противпожарната служба во местото Прешов.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, телата на децата, на возрст од две, три и четири години, биле откриени кога пожарникарите го гаселе огнот, за кој не е позната причината како избувнал.
Еден човек, од истото семејство со сериозни изгореници бил пренесен во болница.
Полицијата не соопшти други детали, а медиумите јавуваат дека пожарот се случил кога мајката за момент ги оставила децата сами. Другите четири нејзини деца успеале да се спасат.