Трговските центри во Венецуела ќе работата по четири часа за да штедат струја

Од:

Трговските центри и продавниците во Каракас, како и низ внатрешноста на Венецуела, ќе бидат отворени само по четири часа во текот на денот, за да се штеди струја.

Ваквата одлука е донесена откако Владата на претседателот Николас Мадуро воведе остра рационализација во потрошувачката на електрична енергија, како последица на катастрофалната суша со која е погодена оваа јужноамериканска земја.

Долгиот сушен период, предизвика нивото на вода во акумулациите во сите 18 хидроцентрали во земјата да се најде на критично ниско ниво.

Струјата се исклучува на два пати секој ден – од еден до три на пладне, а потоа и од 19 до 21 часот.

Трговците се жалат дека прекините на струјата тешко го погодуваат бизнисот, а посебно на големиот број мали ресторани, затоа што остануваат без струја во времето кога луѓето излегуваат од работа за ручек.

Претставник на Асоцијаците на малопродажниот сектор најави дека скратеното работно време за цели 50 отсто, во услови на рационализација со електричната енергија ќе предизвика и намалување на вработеноста, поради укинувањето на низа работни места.

Владата бара од луѓето да штедат со струјата, посебно при користењето на апаратите за ладење, како и со трошењето на водата.

Венецуела подолго време се судира и со недостиг на повеќе основни производи за населението, што се објаснува со намалувањето на приходите од нафтата, како последица на падот на цената на „црното злато„ но и како резултат на социјалистичката економска политика на претседателот Мадуро и популистичките мерки, со давање низа социјални повластици за посиромашните слоеви население, за што се покажа дека земјата нема сила, иако е производител и извозник на нафта.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски