Трговската размена меѓу САД и Кина намалена за 14,8 отсто

Од:

Главната царинска служба на Кинеската Народна Република објави синоќа податоци за трговијата со САД според кои трговската размена меѓу двете земји од почетокот на годинава заклучно со крајот на септември се намалила за 14,8 отсто, до вредност од 402,66 милијарди долари.

Испораките на кинески стоки и услуги во САД за посочениот период во 2019 година се намалиле за 10,7 отсто, до 312 милијарди долари. Количеството увезена стока од САД, пак, се намалило многу повеќе, за 26,4 отсто, достигнувајќи 90,66 милијарди долари.

Официјален претствник на кинеската царинска служба истакна дека за време на последните трговски преговори кои минатата недела се одржаа во Вашингтон, бил постигнат прогрес.

– На повторната рунда кинеско-американски трговско-економски преговори успеавме да постигниме реален прогрес во некои правци, изјави претставникот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски