[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Британски брачен пар Питер Рут и Мери Томпсон, кои со велосипеди тргнале на пат околу светот, загинале во сообраќајна несреќа на Тајланд.
Несреќата се случила на патот во провинцијата Чачоенгсао, источно од Бангкок, каде што ги удрил мал камион, соопшти тајландска полиција.
Брачниот пар од Гернсиј ја напуштил Британија во јули 2011 година, а со велосипедите ги поминале Европа, Блискиот исток, Средна Азија и Кина.
Објавувале фотографии и детали од своето патување на интернет страната „Двајца на четири тркала“.
Официјално лице од полицијата, Супачај Луангсукчароен изјави дека полицијата ги нашле телата на британците, нивните велосипеди и работи расфрлани на пат, покрај малиот камион кој ударил во дрво.
Според неговите зборови, возачот на камионот е послесно повреден во несреќата.
Тој на полицијата и изјавил дека ги удрил велосипедистите.
Ослободен е со кауција, но ќе се соочи со обвиненија за опасно возење, со смртоносни последици за кои што е предвидена максимална затворска казна, во траење од десет години.