Претседателот на Франција, Мануел Макрон денеска три часа телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Елисејска палата.
Тоа е трет разговор Макрон – Путин откако почна руската инвазија врз Украина.
Неименуван претставник од Кабинетот на Макрон, изјави дека францускиот претседател имал телефонски разговор и со шефот на украинската држава Володимир Зеленски.
Извор: МИА