Најмалку 16 лица починаа во Хондурас како последица на треската „денга“, чиј вирус го пренесуваат комарците.
Хондураскиот министер за здравство Салвадор Пинеда, изјави дека и покрај тоа што Владата ги презела сите мерки за да ја спречи епидемијата, сепак во земјата има 16 починати од оваа болест.
Како што јави агенцијата Анадолија, од оваа треска од 2010 година, па досега во Хондурас починаа 83 лица, а се разболеа 66.000 лица. Во моментов во земјата има околу 12.000 инфицирани од вирусот на „денга“.
И во Бразил во првите три месеци од годината од оваа болест се разболеа 635.161 лица, од кои 108 починаа.
Случаите на треската „денга“, инаку, се во пораст во месеците со зачестени врнежи, како јуни и септември. Научниците тврдат дека високите температури и долготрајните врнежи предизвикуваат зголемување на бројот на комарци кои ги пренесуваат болестите, како маларија и треската „денга“.