Транскриптот на разговорот на полицијата по масакрот во САД

Од:

Полицијата имаше полни раце работа после масакрот на премиерата на филмот за Бетмен. За тоа што се случуваше во критичните моменти најдобро сведочи разговорот на полицијата со дежурниот диспечер чиј транскрипт е објавен на интерент, на сајтот на телевизијата “NBC”.

„Известен сум дека некој пука во киното. Слушаме дека илјадници луѓе трчаат наоколу. Некој фрлил солзавец. Ни требаат уште луѓе во салата девет“, зборува полицаецот.

Наскоро се дознава за првите жртви за кои полицаецот го известува диспечерот и зборува дека една жена е погодена во ногата и дека човек лежи на паркингот.

„Ни требаат гас маски. Испратете ни ги проклетите гас маски во сала девет, не можеме да влеземе внатре. Ни требаат најмалку три или четири амбулантни возила“, вели полицаецот.

Полицијата набрзо го идентификува напаѓачот, па еден од нив се јавува во централата:

„Осомничениот носи гас маска. Ограничете го трговскиот центар со жолта трака. Ни требаат спасувачи за во салата. Има многу жртви“.

Засилување е барано и од други единици во Денвер.

„Ни треба медицинска екипа во сала девет. Прекинете ја проекцијата. Евакуираме кого можеме. Известете ги болниците дека ќе почнат да пристигнуваат луѓе. Подвижните жртви извлечете ги надвор. Неколкумина од нив не можат да се движат, под итно ни трева спасувачки тим“.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски