Американскиот претседател Доналд Трамп засега го одлага донесувањето на решението за евентуалното преместување на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, соопшти Белата куќа.
Претставникот на Белата куќа, Хоган Гидли, наведе дека донесувањето на одлуката е одложено и нема да биде соопштено в понеделник, како што претходно беше најавено.
– Претседателот беше јасен во однос на таа тема од самиот почеток: прашеањето не е дали, туку кога, истакна Гидли.