Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија. Трамп рече дека ЕУ и другите земји имаат загрижувачки трговски суфицит со САД.

„Европската унија се однесува многу, многу лошо со нас. Значи, тие ќе мора да се соочат со тарифи. Тоа е единствениот начин да се постигне правичност“, додаде тој.

Трамп изјави дека размислува да воведе царина од 10 отсто за увоз на кинески стоки веќе од 1 февруари. Во претходните изјави за новинарите во Белата куќа, тој ја оправда оваа мерка со тврдењето дека Кина испраќа фентанил во САД преку Мексико и Канада. Овие изјави следеа по заканите на Трамп дека ќе воведе царини од 25 отсто на увозот од Мексико и Канада.

Еврокомесарот за трговија Марош Шефчовиќ вчера му подаде рака на помирување на Вашингтон, само два дена откако американскиот претседател положи заклетва. Во интервју за Политико, Шефчовиќ рече дека Брисел е подготвен да соработува со новата администрација во Вашингтон – и покрај постојаните закани на Трамп дека ќе воведе царини за стоките од 27-члениот блок.

„Многу внимателно ги следиме пораките што доаѓаат од Белата куќа“, рече Шефчовиќ во своето прво интервју по преземањето на функцијата во декември, говорејќи на маргините на Светскиот економски форум.

Царинските закани на Трамп предизвикаа загриженост во Брисел и меѓу владите ширум Европа во време кога економијата на континентот е ослабена. Неговото ветување дека ќе воведе високи царини за Кина предизвика стравувања дека евтините кинески производи, кои инаку би завршиле на американскиот пазар, би можеле да го преплават европскиот.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Трамп повлекува 20.000 американски војници од Европа

Куран е новиот директор на американската Тајна служба

Трамп за враќањето во Белата куќа: Пристигнавме точно на време за да ја спасиме земјата

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп е во право, Европа многу малку троши за одбраната, вели првиот човек на НАТО

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски