Трамп: Верувам дека Кина ќе успее да ја победи епидемијата

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп, по разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг, изрази верување дека Кина ќе успее да ја победи епидемијата на коронавирусот.

Тој на Твитер, по разговорите со Си на кои е договорено двете земји да ја продолжат соработката во борбата против ширењето на смртоносниот вирус, напиша дека кинескиот претседател ја предводи операцијата која на крајот ќе биде успешна.

– Имав долг и одличен телефонски разговор со претседателот на Кина. Тој е силен, остар и фокусиран на борбата против коронавирусот, напиша Трамп.

Американскиот претседател додаде дека Кина одлично работи, градејќи дури и болници за неколку дена.

– Ништо не е лесно, но верувам дека тој ќе успее, особено ако се зголемат температурите и ако вирусот се намали и потоа исчезне, напиша Трамп на Твитер, нагласувајќи дека Кина е дисциплинирана земја.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак