Трамп верува дека постои можност за мирно решавање на конфликтот во Украина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во наредните денови ќе има телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, изразувајќи верување дека постои можност за мирно решавање на конфликтот во Украина.

Пораката уследи по дипломатските контакти што започнаа на 12 август, кога беше најавена средба меѓу Трамп и Путин на Алјаска. Пред средбата, американскиот лидер ја предупреди Москва за „сериозни последици“ доколку не се постигне прекин на огнот.

Средбата се одржа на 15 август и двајцата претседатели ја опишаа како конструктивна, но без конкретен договор.

За време на самитот, јавноста го привлече вниманието и на личната иницијатива на првата дама на САД – Меланија Трамп му предаде на Путин писмо во кое, според медиумските извештаи, апелираше за заштита на децата во воените зони. Иако деталите од писмото не беа објавени, симболиката на овој потег дополнително ја нагласи хуманитарната димензија на разговорите.

Американскиот претседател најави дека наскоро ќе следи нов телефонски контакт со Кремљ, нагласувајќи го своето верување дека дијалогот не го изгубил својот потенцијал за мирно решение.

Би можело да ве интересира

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Киев ќе купи ракети „Патриот“ за 3,2 милијарди евра

Четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во Новоросијск

Бесент: Обновата на Украина ќе биде огромен проект, сличен на повоената обнова на Германија