А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Трамп: Украдени се милијарди долари од УСАИД

by А1он06/02/2025 - 21:46377
Share0

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно ја критикуваше американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), тврдејќи дека од агенцијата се украдени милијарди долари, јавува Anadolu.

Добивај вести на вибер

„Изгледа дека милијарди долари се украдени од УСАИД и други агенции, а голем дел од нив одат на медиумите за лажни вести како „исплата“ за создавање добри приказни за демократите“, напиша Трамп на „Truth Social“.

Неговата објава дојде во време на дебата за медиумските организации кои добиваат владино финансирање што се интензивираше откако технолошкиот милијардер и шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск критикуваше одредени медиуми за наводно примање исплати од федерални институции.

Маск, кој беше назначен од Трамп да ја надгледува ефикасноста на владата, коментираше за трошењето на федералниот буџет за Х, тврдејќи дека администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден обезбедила средства за одредени медиумски организации.

Маск посебно укажа на плаќањата преку агенции како УСАИД.

„Ова може да биде најголемиот скандал од сите нив, можеби најголемиот во историјата! Демократите не можат да се сокријат од овој. Преголем, премногу валкан“, напиша Трамп.

trampusaid

Би можело да ве интересира

Трамп: САД се подготвуваат за копнени операции во Венецуела

Горан Наумовски13/12/2025 - 21:30

„Њујорк тајмс“: Украина го отфрла предлогот на Трамп за Донбас и членството во НАТО

Горан Наумовски13/12/2025 - 21:00

Венецуела има таен воен план за напад врз САД

Горан Наумовски13/12/2025 - 16:39

„Тајм“: Европските лидери немаат никакво влијание врз Трамп

Горан Наумовски11/12/2025 - 10:12

Трамп: Планирам да назначам Комитет за мир во Газа на почетокот на следната година

Горан Наумовски11/12/2025 - 07:10

Моќен европски одговор на обвинувањата од Трамп

Горан Наумовски09/12/2025 - 22:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен