Трамп тврди дека медиумите се обидуваат да го обвинат за масакрот на Нов Зеланд

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека е неправедно обвинет за масакрот во двете џамии на Нов Зеланд.

Медиумите работат прекувремено за да ме обвинат за ужасниот напад на Нов Зеланд. Ќе мора да работат многу напорно за да го докажат тоа, напиша Трамп на Твитер.

Напаѓачот остави така наречен манифест во кој се нарекува бел националист и алудира на Трамп како на „симбол на обновениот идентитет на белецот“.

Трамп изрази жалење поради жртвите, додавајќи оти нема закана од националаизмот на белецот ширум светот.

Во минатото Трамп беше критикуван поради неговата изјава дека „двете страни“ треба да се обвинат за насилството на демонстрациите на белите супрематисти, на кои имапе и жртви.

Австралиецот Брентон Тарант во петокот нападна двете џамии во Крајстчрч, при што беа убиени 50 луѓе, а над 40 се повредени. Тој беше уапсен по нападите и е обвинет за убиство.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро