(ВИДЕО) Трамп збесна откако ја виде снимката: Трудо е дволичен

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска за канадскиот премиер изјави дека е дволичен, иако, вели, му изгледал како „добро момче“.

Трамп ова го изјави во Лондон, каде се оддржува самитот на НАТО, а откако новинарите го замолија да ги прокоментира наводите дека Трудо, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, го оговарале, пренесуваат британските медиуми.

-Тој е дволичен. Ми изгледаше како фино момче, но искрено да ви кажам, кога го прозвав за фактот дека не издвојува два отсто за одбраната, гледам дека не бил среќен заради тоа. Тој не дава два отсто, а треба. Канада има пари, рече Трамп.

Медиумите денеска пренесоа дека на приемот во Бакингамската палата Трудо, Макрон, Џонсон, холанскиот премиер Марк Руте и британската принцеза Ана разговарале и дека во таа прилика, а по повод долгата прес конференција на американскииот претседател, Трудо рекол „токму сега гледате како им испаѓаат вилиците на неговата екипа“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп ги паузира и царините за Канада