Трамп: Требаше порано, но сакав да им дадеме божиќен подарок со нападот на ИСИЛ во Нигерија

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американскиот воен напад насочен кон членовите на Исламска држава во Нигерија првично требало да биде извршен во среда, но наредил да се одложи за еден ден.

„Требаше да го направат тоа порано. А јас реков: „Не, ајде да им дадеме божиќен подарок“. … Тие не мислеа дека ќе се случи, но ние силно ги погодивме. Секој камп е десеткуван“, изјави Трамп за Политико.

Во четвртокот, Трамп објави дека Соединетите Американски Држави извршиле воздушни напади врз членови на Исламска држава во северозападна Нигерија, поради нападите на групата врз христијаните во регионот.

„Вечерва, по моја наредба како врховен командант, Соединетите Американски Држави започнаа моќен и смртоносен удар врз терористичката ИСИЛ во северозападна Нигерија, која ги таргетира и брутално убива, првенствено невините христијани, на нивоа невидени со години, па дури и векови!“, напиша Трамп во четвртокот во објава на платформата Truth Social.

Командата на американската војска во Африка објави дека нападот е извршен на барање на нигериските власти и дека во него се убиени неколку членови на ИСИЛ.

Би можело да ве интересира

Трамп го избриша видеото на кое Барак и Мишел Обама беа прикажани како мајмуни

Предраг Петровиќ

Арагчи зборуваше по завршувањето на преговорите

Трамп: Иран не сака САД да ги нападне

А1он

Путин изгуби клучен сојузник, Трамп даде понуда што не може да се одбие

А1он

ВИДЕО: Масовна пукотница на парада во Луизијана: Mногу повредени, потрагата е во тек

Одлуката е донесена: „Ќе се случи невиден напад“