(ВИДЕО) Трамп: Ајатолахот и јас можеме да го контролираме Ормутскиот теснец

Од:

Американскиот претседател – Доналд Трамп изјави дека Ормутскиот теснец наскоро би можелo повторно да се отвори и предложи можност за заедничка контрола со иранското раководство. Зборувајќи пред претседателскиот авион да полета од Флорида за Мемфис, Трамп одговори на прашања од новинарите за иднината на клучниот бродски пат.

„Ќе биде отворен многу наскоро, ако ова успее“, рече Трамп кога беше прашан за Ормутскиот теснец.

Под „ова“, тој очигледно мислеше на ултиматумот што му го издаде на Иран во саботата, заканувајќи се дека ќе ја нападне енергетската инфраструктура ако Ормутскиот теснец не се отвори во рок од 48 часа, а денес го продолжи тој ултиматум за уште пет дена.

На дополнителното прашање кој ќе го контролира теснецот и дали Иран ќе продолжи да има влијание врз протокот на нафта, Трамп одговори дека контролата може да се дели.

„Ќе биде заеднички контролирана“, рече тој.

На прашањето на новинарот кој конкретно ќе учествува во таа контрола, Трамп одговори: „Можеби јас. Можеби јас. Јас и ајатолахот, кој и да е ајатолахот, кој и да е следниот ајатолах.“

Тој додаде дека таков договор би вклучувал „многу сериозна форма на промена на режимот“, нагласувајќи дека, како што тврди, иранското раководство претрпело големи загуби.

„Сите во режимот беа убиени“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Санкциониран танкер помина низ Ормутскиот теснец и покрај блокадата на Трамп

А1он

Стармер го критикуваше Трамп за Иран: Цивилите веќе претрпеа „неизмерлива штета“

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Блокадата е на сила – бродовите пловат кон САД, тие одат по најдобрата нафта

А1он

Трамп: Секој брод што ќе се приближи до нашата блокада ќе биде уништен

А1он

Започна блокадата на Ормутскиот теснец – најефикасното оружје на Иран во конфликтот со САД

А1он

Претседателот на иранскиот Парламент му се потсмева на Трамп поради растот на цените на нафтата

А1он