Трамп сурово ѝ се закани на Украина: Зеленски ќе мора да го прифати мировниот план!

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски „ќе мора да го прифати“ мировниот план.

На прашањето дали разговарал со Зеленски за мировниот план од 28 точки за Украина, Трамп рече: „Имаме план. Тоа е ужасна работа што се случува. Тоа е војна што никогаш не требаше да се случи“.

– Мислиме дека имаме начин да постигнеме мир. Тој ќе мора да го одобри, додаде американскиот претседател.

Кога еден новинар го праша дали мировниот план наиде на некои критики, Трамп одговори: „Мислите дека не му се допаѓа?“, алудирајќи на Зеленски.

„Ќе мора да му се допадне, а ако не му се допаѓа, тогаш претпоставувам дека треба само да продолжат да се борат. Во одреден момент, тој ќе мора да прифати нешто. Се сеќавате, во Овалната соба, не толку одамна, реков: „Немате карти“. Јас ја наследив оваа војна. Мислам дека требаше да склучи договор пред една година, пред две години“, додаде Трамп.

Претходно денес Трамп изјави дека на Зеленски му е даден рок до 27 ноември да одговори на планот.

Малку подоцна, се огласи и рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека Русија добила увид во планот на Трамп, за кој рече дека „може да биде основа за конечно решение во Украина“.

Зеленски, обраќајќи се до нацијата, рече дека Украина се соочува со една од најтешките одлуки во својата историја.

Би можело да ве интересира

Трамп: „Ако Иран ме убие, еве што ќе се случи со таа земја“

Цените на нафтата нагло паднаа

(ВИДЕО) Трамп се заплетка со одговорот за училиштето во Иран: Не знам доволно

Катерина Ѓуровски

Војната во Иран брзо ги исцрпува американските залихи од напредно оружје

Ние го одредуваме крајот на војната – Револуционерната гарда му одговори на Трамп

(ВИДЕО) Трамп во неколку часа даде контрадикторни изјави за Иран: Војната и е заврешена и е на почеток

Катерина Ѓуровски