Трамп: „Странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „странските непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот откако неговата администрација започна серија рации, велејќи дека нема да дозволи беззаконието да продолжи.

„Оваа анархија нема да продолжи. Нема да дозволиме федерални агенти да бидат нападнати, нема да дозволиме странски непријатели да нападнат и освојат американски град“, рече американскиот претседател.

– Она што го гледате во Калифорнија е широко распространет напад врз мирот, јавниот ред и националниот суверенитет, предводен од бунтовници кои носат странски знамиња и имаат намера да поттикнат странска инвазија на нашата земја, рече Трамп.

Во својот остро формулиран говор во една од најголемите воени бази во земјата, републиканскиот милијардер ги нарече демонстрантите „животни“.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, и поранешниот претседател Џо Бајден, двајцата демократи, беа исвиркувани.

Трамп распореди 4.000 членови на Националната гарда и 700 маринци во Лос Анџелес, спротивно на советите на калифорниските власти кои рекоа дека ситуацијата е под контрола. Њусом ги опиша постапките на Трамп како „диктаторски“.

Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет присуствуваа на настан во Северна Каролина по повод 250-годишнината од американската војска, гледајќи како војниците демонстрираат напад на специјалните сили врз зграда и користат ракетен фрлач со долг дострел.

Тоа беше првата од серијата прослави на воената годишнина пред големата воена парада во Вашингтон во сабота.

Би можело да ве интересира

Трамп им се обрати на Курдите и побара помош во војната со Иран

Трамп: Иран сакаше да преговара, но беше предоцна бидејќи САД презедоа воена акција

Трамп: Сите наследници на ајатолахот се мртви – го „средив“ пред тој да ме „среди“ мене

ВИДЕО: Нови напади, Израел го бомбарира Техеран

ВИДЕО: Не прободеа во срце, ќе им вратиме исто – Али Лариџани веројатно новиот ирански лидер

(ВИДЕО) Поделен Иран: Прослави и солзи за убиството на ајатолахот

Катерина Ѓуровски