Трамп: Средба со Ким Јонг Ун ќе се одржи на 27 и 28 февруари

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп објави дека неговиот втор состанок со севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун ќе се одржи во Виетнам на 27 и 28 февруари.

Тој истовремено себеси си даде признание за спречување на големата војна на Корејскиот Полуостров.

Во обраќањето до нацијата, Трамп нагласи дека има уште многу работи што треба да се направат за да се сочува мирот со Северна Кореја, но дека застојот во нуклеарните тестирања е доказ за напредок.

„Заедно можеме да го прекинеме деценискиот политички ќор-сокак. Можеме да ги премостиме старите поделби, да ги излекуваме раните, да изградиме нови коалиции”, порача претседателот на САД.

Тој уште еднаш порача дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико. Повика на политичка обединетост, нагласувајќи дека смешните партиски истраги ќе му наштетат на просперитетот во земјата.

 

Би можело да ве интересира

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Трамп му се закани на Хамас

(ВИДЕО) Клучен самит на ЕУ лидерите: Подготвени сме на кошмарно сценарио

Новинарот Свон му пиша на Трамп: Укинете ги санкциите на Бајден за руските медиуми

Горан Наумовски

САД го уапсија терористот одговорен за терористичкиот напад во Кабул во 2021 година