Трамп собра пет сојузници против Кина

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп формира коалиција за да се спротивстави на доминацијата на Кина врз клучните минерали и нејзиното растечко влијание како центар за вештачка интелигенција и други технолошки сектори.

Планот е коалицијата да се започне денес со потпишување на Декларацијата за Пакс Силика, која ги обединува Сингапур, Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Израел во соработка насочена кон решавање на недостатоците во пристапот до клучните минерали и намалување на предноста на Кина во областите во кои Кина инвестира масовно, објавува американскиот портал Политико.

Администрацијата, исто така, активно бара други земји да се приклучат на групата.

Декларацијата – збир на заеднички принципи, го отвора патот за заеднички истражувачки и развојни проекти, производство и развој на инфраструктура, дизајнирани да бидат одговор на кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“, рече Јакоб Хелберг, заменик-државен секретар за економски прашања.

Иницијативата го нагласува степенот до кој администрацијата го смета кинескиот, речиси „монопол врз ретките метали, клучен за цивилните и воените индустрии и доминацијата врз другите сегменти од глобалниот синџир на снабдување за сериозна закана.

Пекинг ја искористи својата доминација во секторот со воведување ограничувања на извозот како одговор на агресивната царинска политика на администрацијата на Трамп врз кинескиот увоз.

Декларацијата, исто така, ги одразува загриженостите на САД за огромните инвестиции на Кина во вештачка интелигенција и квантно пресметување, што би можело да ѝ обезбеди на Кина конкурентска предност во економијата на 21 век.

Хелберг додаде дека американската администрација сака да ја прошири коалицијата надвор од првичните пет земји што ја потпишаа декларацијата, вклучувајќи и други сојузници и партнери кои имаат минерални, технолошки и производствени капацитети.

Потпишувањето на декларацијата го отвора еднодневниот самит Pax Silica, на кој ќе присуствуваат претставници од Европската Унија, Канада, Холандија и Обединетите Арапски Емирати.

На самитот ќе се дискутира за соработка во области како што се напредно производство, преработка на минерали и логистика. „Оваа група земји ќе биде за ерата на вештачката интелигенција она што Г7 беше за индустриската ера.

Ние сме посветени на процес во кој ќе соработуваме за хармонизирање на извозните контроли, проверка на странските инвестиции, решавање на дампингот, но исто така и на проактивна агенда за обезбедување на клучни точки во глобалниот систем на синџири на снабдување“, рече Хелберг.

Би можело да ве интересира

Најнови вести: Рударите на биткоини од Северна Македонија се собираат во облакот EiCrypto за да заработат 3.000 долари во блок награди дневно.

Предраг Петровиќ

Ќе ги апсеше Путин и Нетанјаху, но замина: Разрешен главниот обвинител Карим Кан поради обвиненија за сексуално злоставување

Трамп со закана до Путин и Си: Би било многу лошо ако го вооружувате Иран

Блинкен предупредува: САД го губат глобалното влијание, а Кина ја презема довербата во светот

Трамп собира војска; Дали се подготвува пекол?

Песков: Изјавите на новиот украински командант ја потврди исправноста на „специјалната воена операција“

Предраг Петровиќ