Трамп со ултиматум до Зеленски: Избери мир или изгуби ја целата држава

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на социјалните мрежи го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски за да го принуди да се согласи со мировниот договор предложен од Америка.

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп тврди дека договорот е „многу блиску“, но го критикуваше Зеленски и го повика да ја „заврши работата“.

„Украинскиот претседател Володимир Зеленски се пофали на насловната страница на Wall Street Journal со изјавата: „Украина нема правно да ја признае окупацијата на Крим. Нема за што да се зборува тука.“ Оваа изјава сериозно им штети на мировните преговори со Русија, бидејќи Крим беше изгубен пред многу години, додека претседател на САД беше Барак Хусеин Обама, а денес не е ни предмет на расправа.

„Никој не бара Зеленски да го признае Крим како руска територија, но ако го сака назад – зошто не го бранеа пред единаесет години, кога и беше предаден на Русија без ниту еден куршум? напиша Трамп.

„Имаше големи руски бази во таа област со децении пред „предавањето на Обама“. Овие запаливи изјави, како оние што ги даде денес Зеленски, се причина зошто е толку тешко да се постигне мир. Тој нема со што да се пофали! Ситуацијата за Украина е многу тешка, може да избере мир или да ја продолжи војната уште три години пред да ја изгуби целата земја.

Немам никаква врска со Русија, но крајно сум загрижен што не се губат пет илјади руски и украински животи секоја недела, бидејќи сите овие луѓе умираат без никаква причина. Денешната изјава на Зеленски само ќе го продолжи убиството, а тоа никој не го сака.

Многу сме блиску до договор, но човекот кој „нема повеќе адути“ сега мора конечно да го сфати ова и да ја заврши работата. Со нетрпение очекувам да можам да и помогнам и на Украина и на Русија да излезат од овој целосен ХАОС – што никогаш немаше да се случи да бев претседател“, се вели во објавата на Трамп.

Според мировниот план на Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина објавен од американските медиуми, САД официјално ќе го признаат рускиот суверенитет над анектираниот Крим.

Зеленски веднаш го отфрли тој предлог, јасно наведувајќи дека Украина „правно нема да ја признае окупацијата на Крим“. „Нема што да се зборува. Тоа е спротивно на нашиот устав“, додаде тој.

Сето ова се случува додека Трамп го засилува притисокот и врз Москва и врз Киев да се согласат на мировен договор, а неговата администрација сигнализираше дека САД може целосно да се повлечат од посредувањето доколку наскоро не се постигне договор.

Тој став дополнително го засили сенаторот Џеј-Ди Венс, кој претходно изјави дека американскиот предлог е „експлицитен“. „Време е тие да кажат „да“ или САД да се повлечат од овој процес“, рече Венс.

Би можело да ве интересира

Истрага: Швајцарската тајна служба соработувала со Русите

Трамп: Путин ми се јави утрово да ми честита роденден, и да, разговаравме и за Иран

А1он

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за поддршката и му посака среќен роденден

А1он

Зеленски: Се надевам дека Западот нема да ја намали нашата помош поради конфликтот меѓу Израел и Иран

А1он

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

А1он

Зеленски: Путин се крие зад преговорите за да избегне санкции