Трамп со ултиматум до Зеленски: До 27 ноември имаш рок да го потпишеш мировниот предлог на САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти четврток, 27 ноември, е вистинскиот рок за Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД за завршување на војната со Русија.

„Имав многу рокови, но ако работите се одвиваат добро, роковите обично се продолжуваат. Но, ние мислиме дека четврток е вистинското време“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.

Како што објави Ројтерс претходно денес, повикувајќи се на две лица запознаени со ситуацијата, САД се закануваат дека ќе го прекинат споделувањето разузнавачки информации и снабдувањето со оружје за Украина ако таа не се согласи на рамковен мировен договор посредуван од САД.

Изворите велат дека Киев е под поголем притисок од Вашингтон отколку за време на сите претходни мировни преговори и дека САД сакаат Украина да го потпише рамковниот договор до следниот четврток.

Порано денес, украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќање до нацијата изјави дека Киев е под еден од најтешките притисоци и се соочува со ризик од губење на клучен партнер или достоинство.

„Сега е еден од најтешките моменти во нашата историја. Сега Украина може да се најде пред многу тежок избор. Или губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер. Или тешки 28 поени или исклучително тешка зима – најтешката – и дополнителни ризици“, нагласи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Трамп: „Ако Иран ме убие, еве што ќе се случи со таа земја“

Цените на нафтата нагло паднаа

(ВИДЕО) Трамп се заплетка со одговорот за училиштето во Иран: Не знам доволно

Катерина Ѓуровски

Војната во Иран брзо ги исцрпува американските залихи од напредно оружје

Ние го одредуваме крајот на војната – Револуционерната гарда му одговори на Трамп

(ВИДЕО) Трамп во неколку часа даде контрадикторни изјави за Иран: Војната и е заврешена и е на почеток

Катерина Ѓуровски