Трамп: Слушам добри вести

Од:

Доналд Трамп денеска гласаше во Палм Бич, Флорида, придружуван од сопругата Меланија. По гласањето, тој го изрази своето задоволство од големиот одѕив, велејќи дека е „многу почестен“ што дознал за долгите редици. Тој додаде дека се чувствува „многу сигурен“ за исходот од изборите, истакнувајќи дека републиканците покажуваат сила и дека слуша дека „одат многу добро“.

На прашањето за можноста ниту тој ниту Камала Харис да достигнат 270 електорски гласови до крајот на вечерта, Трамп одговори дека „такво нешто никогаш не треба да се случи“.

„Сакаме да ги привлечеме сите, сакаме да бидеме многу инклузивни“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

Стармер: Светот каков што го знаевме повеќе не постои

Горан Наумовски

ЕУ ќе воведе контрамерки на американските царини

Илјадници Американци на околу 1.200 демонстрации против Трамп и Маск низ САД

Горан Наумовски

Трамп бара итно намалување на каматните стапки

Трамп упати „поздрав“ до Кина: Бевме глупава и беспомошна „боксерска вреќа“, но повеќе не