Трамп: Сите наследници на ајатолахот се мртви – го „средив“ пред тој да ме „среди“ мене

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во заедничките американско-израелски напади во саботата загинале потенцијални наследници на врховниот лидер на Иран. Неговите коментари, дадени за ABC News, доаѓаат во време на неизвесност околу транзицијата на власта во Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.

Во разговор со новинарот Џонатан Карл, Трамп тврдеше дека нападот бил исклучително успешен.

– Нападот беше толку успешен што ги елиминираше повеќето кандидати, рече тој и додаде „нема да биде ниту еден од оние за кои размислувавме бидејќи сите се мртви, вториот и третиот на листата се мртви“.

Трамп се осврна и на атентатот врз самиот Хамнеи.

– Го „средив’ пред тој да ме „среди“ мене. Се обидоа двапати. Па, го фатив прв, рече тој.

Министерството за правда на САД објави федерални обвиненија поврзани со осуетен заговор за атентат врз Трамп пред претседателските избори. Според судските документи, иранските власти побарале од еден осомничен, Фархад Шакери, да се посвети на надгледување и на крајот извршување на атентатот врз Трамп.

Би можело да ве интересира

Иран објави мапа со точни цели: Ќе го потопиме целиот регион во темнина

А1он

Иранците тврдат дека собориja американски борбен авион Ф-15

А1он

Иран наплаќа такса од 2 милиони долари за премин низ Ормутскиот теснец

А1он

ВИДЕО: Иранците продолжија со нападите, погоден јужен Израел, над 100 повредени

Иран го потврди нападот врз Димона: „Новите системи за лансирање ќе ги зачудат САД и Израел“

(ВИДЕО) Иран брутално нападна: Ракета падна до главниот нуклеарен објект на Израел

Предраг Петровиќ