Трамп: Сите го напуштаат БРИКС поради американските царини

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сите земји што сакаа да бидат дел од БРИКС се откажале од тие амбиции поради американските царини.

„Им кажав на сите што сакаа да бидат во БРИКС дека тоа е во ред, но ние ќе воведеме царини на нивните земји. Сите се повлекоа. Сите се откажаа од БРИКС. БРИКС е напад врз доларот и реков „ако сакате да ја играте таа игра, ќе ставам царини на сите ваши производи што влегуваат во САД“. Тие рекоа, како што реков, „го напуштаме БРИКС“… Тие веќе дури и не зборуваат за тоа…“, рече Трамп на прес-конференција во вторник, како што објави азиската новинска агенција АНИ денес, повикувајќи се на снимка од Белата куќа.

Трамп нагласи дека политиката на САД со заканата од царини била одлучувачки фактор за повлекувањето на земјите од планираното членство во економскиот сојуз БРИКС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Сакам да ја решам Куба пред да заминам, не ја исклучувам воената опција

Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

(ВИДЕО) Републиканец покрена импичмент на Хегсет: Можеби сега ќе ги нарекува луѓето дебели и пе*ери“

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби