Трамп штотуку ги зголеми царините за Индија на 50 отсто: Сето тоа поради руската нафта

Од:

Белата куќа денес објави дека воведува дополнителна царина од 25 отсто за Индија, со што вкупните царини за овој важен трговски партнер на Соединетите Американски Држави ќе достигнат 50 отсто.

– Утврдувам дека Владата на Индија во моментов директно или индиректно увезува нафта од Руската Федерација, вели претседателот Доналд Трамп во извршна наредба, објави CNBC.

Според тоа, и во согласност со важечкиот закон, стоките од Индија увезени на царинската територија на Соединетите Американски Држави ќе бидат предмет на дополнителна царинска стапка ad valorem од 25 отсто – се наведува во наредбата.

Би можело да ве интересира

Трамп се брани по договорот со Путин: „Донесов правилна одлука за Американците“

Судот во Њујорк забрани финансирање реклами што го величаат Трамп со јавни пари

ВИДЕО: Зеленски изненаден од објавата на Трамп, но го прифаќа примирјето, се чека Путин

(ВИДЕО) Трамп има секакви идеи: Атлантикот или Пацификот ќе го наречеме „Трампов океан“

Администрацијата на Трамп почна истрага против CNN, ABC, CBS, NBC и Fox News

Украина му одговори на Трамп на повикот за смена на Зеленски

Катерина Ѓуровски