Трамп сепак ќе ги објави сите документи за убиството на Кенеди

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека побарал објавување на сите документи во врска со убиството на претседателот Џон Кенеди во 1963 година освен оние во кои се имиња и адреси на лица кои се уште се живи.

– По консултации со генералот Кели, ЦИА и други агенции, ќе ги објавам сите документи во врска со убиството на Кенеди, освен оние што содржат имиња и адреси на луѓе кои се уште се живи, објави Трамп на Твитер.

Тој додаде дека тоа го прави за дас е оствари целосна транспарентност и да се прекинат сите теории на заговор. Претходно, тој наведе дека неколку илјади документи ќе останат со назнака – тајно.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ќе работиме конструктивно со Трамп за да постигнеме брз и траен мир

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Америка ќе депортира 240.000 Украинци од САД

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Трамп ги паузира и царините за Канада