Трамп ѝ се закани на Европската Унија со царини од 50 отсто

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување на царини од 50% кон Европската Унија од 1 јуни.

„Европската Унија, која беше основана првенствено за да ги експлоатира Соединетите Американски Држави во трговијата, е исклучително тешка за соработка. Нејзините силни трговски бариери, ДДВ, апсурдни казни за корпорациите, нетарифни бариери, монетарна манипулација, неправедни и неосновани тужби против американски компании и друго, доведоа до трговски дефицит со Соединетите Американски Држави од повеќе од 250 милијарди долари годишно – бројка што е целосно неприфатлива. Нашите преговори со нив не водат никаде! Затоа, препорачувам воведување на рамна царина од 50% за Европската Унија, почнувајќи од 1 јуни 2025 година. За производите што се произведуваат или склопуваат во Соединетите Американски Држави, царината не се применува“, напиша Трамп на Х.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп жестоко и се закани на Европа поради Канада

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Рекордни цени на дизелот во САД, Трамп го обвини Зеленски

ВИДЕО: Трамп бара од Зеленски да прекине со нападите на руските рафинерии

ВИДЕО: Нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Трамп предупредува: „Демократите ќе уништат сè што изградивме“

(ВИДЕО) Трамп нуди „дивиденда“ од 5.000 долари ако републиканците го задржат Конгресот